Поранешниот играч на Јунајтед: Луис и Сократис не се добри стопери


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, даде изјава пред дербито на Олд Трафорд за лондонскиот клуб.

Арсенал и вчера прими гол па така стигна до бројка од 11 примени голови во последните шест натпревари.

Давид Луис и Сократис повторно од прва минута започнаа како стоперски пар, но Кин пред натпреварот изјави дека тие не се добри штопери.

Откако двајцата играчи играат заедно во пар, Арсенал во три натпревари прими по два голови, во два натпревари прима по еден гол а од Ливерпул прими три. Само во првото коло ја сочуваа мрежата против Њукасл, но тогаш во пар со Сократис играше Чамберс.

„Без оглед на тоа колку добар тренер сте. Ако имате играчи кои не умеат да се одбранат, ќе допуштаат удари и шансите за примање гол се многу поголеми“, изјави Кин за SkySports.

„И сеуште мислам дека „кичмата“ на Арсенал е многу слаба и без оглед на тоа колку добар тренер си, тие слабости се секогаш тука.“

„Мислам дека начинот да се поправи тоа понекогаш е селекцијата на искусни играчи, но тие работи не можат да се сменат. Можеби рацете им беа малку врзани во преодниот рокк, знам дека потрошија огромни суми за напаѓачи.“

„Но постојано се навраќаме на тоа. Мора да се има пристојна четворка, достоен темел, но мислам дека тоа тие го немаат.“

„Колку и да се одлични, кога ќе ги погледнете нивните два стопери, не ме интересира кој ги тренира, нема да се подобрат дефанзивно бидејќи мислам дека не се добри стоперите.“

„Мислам дека не ја чуствуваат опасноста, мислам дека не уживаат во одбраната. Но тоа е и до менаџерот, најди подобри играчи за одбраната“, додаде Кин.