Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бившиот претседател на Формула 1, Берни Еклстон призна дека бил виновен за измама, откако на британската влада не ѝ пријавил 400 милиони евра кои ги чувал во Сингапур.
Еклстон се согласи на граѓанска спогодба да врати 652,6 милиони фунти, а оваа сума ќе ги покрие плаќањето на даноци, каматата и казните за периодот од 1994 до 2022 година.
Тој беше обвинет во истрагата на даночните власти за неговите финансии, а јавниот обвинител Ричард Рајт кажа дека Еклстон свесно дал лажни и погрешни изјави.
Адвокатката на Еклстоун, Клер Монтгомери објави дека нејзиниот клиент жали за ситуацијата и ќе ја плати казната.