Поранешниот првак во Ф1 оди во пензија: Фетел реши да стави крај на кариерата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел ќе вози уште оваа сезона за тимот на Астон Мартин, по што ќе се пензионира.

Четири титули, 53 победи во трките, 122 подиуми и една неверојатна кариера ќе заврши на крајот на сезонава, а до крајот Германецот сигурно ќе се бори за што е можно подобар пласман годинава.

Астон Мартин на својот сајт напиша дека завршува една од најдобрите кариери во историјата на спортот.

Единствени возачи кои победуваа повеќе од Фетел во историјата на Ф1 се Михаел Шумахер со 91 победа и Луис Хамилтон со 103 триумфи.

„Иако нашите резултати не беа какви што се надевавме, сепак јасно ми е дека тимот ќе има сè што е потребно да се трка на најдобро ниво во следните години“, кажа Фетел.