Пораз на Редсите, пресврт на Челси, минимална победа на Тотенхем


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси и Тотенхем успееја да остварат тешки победи во 2 коло од Премиер лигата, додека Ливерпул е поразен кај Барнли.

Сините од Лондон гостуваа во соседството кај Вотфорд, а тимот на Антонио Конте на крајот славеше победа со пресврт (2:1).

Првиот гол на мечот е виден во 55 минута. Водство на Вотфортд донесе Емануел Капуе, а Батшуаји во финишот на натпреварот погоди за 1:1. Диего Коста во 87 минута погоди за победа од 2:1.

Ливерпул загуби на гостувањето кај Барнли со 2:0. Веќе после 2 минута Вокс погоди за водство на домаќините, а во 37 минута Барнли дојде и до втор гол, кој беше и последен на овој меч. Евертон славеше на гостувањето кај ВБА со 2:1, Тотенхем успеа на Вајт Харт Лејн да го совлада Кристал Палас со голот на Виктор Ванајама, а по последниот меч Хал славеше кај Свонси со 2:0.