Пораз за Арсенал од Вест хем, Челси ќе игра четвртфинале во Лига Купот (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси славеше со 2-0 против Блекбурн во осминафиналето на Лига Купот, додека Арсенал загуби со 1-3 од Вест хем,

Првиот гол за Челси го постигна дефанзивецот Бадиашил во 30. минута, откако „сините“ претходно не реализираа неколку добри шанси.

Рахим Стерлинг беше стрелец на вториот погодок за премиерлигашот и така обезбед четвртфинале за гигантот од Лондон.

Вест хем тргна фуриозно против Арсенал, а поведе со автоголот на Вајт, по што во листата на стрелци се запишаа Кудуз и Боуен. Единствениот гол за „топчиите“ го постигна Одегард во 96. минута.