Португалците бараат правда: Ова беше грабеж во Белград! 📷


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Португалија синоќа освои бод против Србија (2-2), иако победата требаше да им припадне на гостите, но главниот судија не призна чист гол за репрезентацијата на Кристијано Роналдо.

Роналдо беше бесен поради тоа што судијата не реагираше, а притоа доби жолт картон и потоа од нервоза ја фрли капитенската лента и го напушти теренот.

Португалските медиуми сметаат дека во Белград се случил голем грабеж, па така „О Жого“ на насловната страница напиша „Скандал во Белград“, за „Рекорд“ во прв план е „Кражбата“ на главниот судија Дани Макели додека „А Бола“ пишува дека е срамота што нема ВАР во вака важни натпревари.