Португалците поради Кристијано Роналдо донесоа важна одлука за време на Светското првенство


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Репрезентацијата на Португалија за време на подготовките за Светското првенство во САД ќе има една од најквалитетните и најзаштитените бази за тренинг, лоцирана во Палм Бич Гарденс на Флорида.

Оваа локација е избрана од страна на американските организатори и безбедносните служби како идеална поради комбинацијата на врвни спортски услови и висок степен на приватност.

Според достапните информации, главната причина за ваквиот избор се поврзува и со огромната популарност што ја има Кристијано Роналдо, една од најголемите светски фудбалски ѕвезди, низ целиот САД.

Поради неговото присуство во репрезентацијата, се очекува значително зголемено интересирање од страна на фановите, медиумите и безбедносните служби.

Американските организатори сакаат да обезбедат максимална контрола над пристапот до тренинг кампот за да се избегнат гужви и потенцијални безбедносни ризици.

Базата во Палм Бич Гарденс ќе биде од затворен тип, со ограничен пристап за јавноста. Комплексот нуди врвни терени, модерни соблекувални и дополнителни содржини за опоравка на играчите.