Португалија му нуди луди услови на Мурињо за да им биде селектор


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Искусниот тренер Жозе Мурињо е прв избор на португалската фудбалска репрезентација за наследник на Фернандо Сантош и поради тоа нема да штедат пари за него.

„Газета дело Спорт“ објави дека Португалија му нуди на Мурињо да им биде селектор, а притоа да не ја напушти Рома, односно да ги води двете екипи паралелно.

Ваков договор не зависи само од Португалија и Мурињо, туку последниот збор ќе го каже Рома која сигурно не би сакала тренерот да биде фокусиран на две места.

Португалија има и алтернативно решение, а тоа е Руи Жорге од младинската репрезентација.