После 13 години чекање и потрошени 215 милиони евра, Реал доби шанса која не смее да ја пропушти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дали Н’Голо Канте ќе биде новиот темел за новите Галактикоси?

Разни луѓе прават анализи и како по правило доаѓаат до истото или барем до сличен заклучок, фали еден работник на средината на теренот, фали фудбалер како Клод Макелеле.

Откако Французинот го напушти кралскиот клуб во 2003-та година, Мадриѓани на таа позиција доведоја десетина фудбалери и потрошија околу 215 милиони евра. Ретко некој фудбалер кој ќе го исполнеше очекуваното, но никој од нив не беше Макелеле. Копиите беа бледи, многу промашени трансфери. Со доаѓањето на Бразилецот Касемиро на таа позиција во срцето на теренот е добро пополнета, но и тоа се случи бидејќи Зинедин Зидан му даде шанса бидејќи виде дека без таков фудбалер не се може.

Пред тоа да потсетиме: Асиер Иљараменди(38.9), Лукас Силва(15), Матео Ковачиќ(35), Нури Сахин(15), Сами Кедира(10), Чаби Алонсо(30), Рубен Де Ла Ред(4.5), Лас Диара(20), Мамаду Диара(26), Емерсон(16), Фернандо Гаго(20), Хави Гарсија(4.5), Пабло Гарсија(5.5), Гравесен(3.5)…

Реал ова лето конечно има вистинска шанса да го доведе новиот Макелеле, единствениот наследник Н’Голо Канте. Денес на насловната страна на АС стои: Канте понуден на Реал! АС соопшти дека Зидан е во голема дилема бидејќи Каземиро ги исполни неговите очекувања и него го смета како стартер, но во исто време е свесен дека нема идеална замена за Бразилецот.

Зад себе има фантастична сезона во Лестер, а и во првите два натпревари на ЕП беше фантастичен што остави уште поголем впечаток на заинтересираните. А нив ги има многу, Реал не е единствен. Да потсетиме дека Канте од порано е посакуван од Арсенал, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челси и ПСЖ.

Било како било на крајот ќе пресечи Флорентино Перез. Парите не се проблем, откупната клаузула во договорот изнесува 25 милиони евра. Реал според АС ќе се консултира и со Макелеле. А, неговото мислење одамна е познато

„Кога го гледам на теренот исто како да се гледам самиот себе.“

Впечатокот е дека Реал Мадрид оваа шанса не смее да ја пропушти ако е точно дека Канте му е понуден. Тоа би можело да значи дека пред сите би го избрал европскиот шампион. Околу таков фудбалер кој на Реал му недостасува ќе биде многу лесно да се изградат нови Галактикоси