Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин пред неколку дена потпиша за Јувентус.
Игуаин после три сезони го напушти Наполи, а со овој потег во Наполи го доживуваат како големо предавство.
Навивачите на Наполи нема да го простат заминувањето на Игуаин во лутиот ривал, а поради тој трансфер и Франческо Тоти рече дека е предавник.
Сепак, аргентинскиот напаѓач не сакаше многу да се навратува на изјавите од Неапол, но се одлучи да одговори на Тоти:
„Слушнав дека Тоти изјави дека сум предавник на Наполи. Нема да му дозволам тоа задоволство да му одговорам во таа смисла. Секој има право на свое мислење, а јас само дојдов да освојувам трофеи и среќен сум поради доаѓањето во Јувентус. Не ме интересира што останатите мислат“, рече Игуаин.