После седум години во пензија се враќа еден од најголемите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најголемите напаѓачи на Италија во историјата се враќа на теренот во 43-тата година.

Еден од најпознатите италијански напаѓачи на сите времиња после 7 години се враќа на теренот.

Звучи апсолутно неверојатно, но Кристијан Бобо Виери, легендата на италијанскиот, но и на светскиот фудбал соопшти на Инстаграм дека се враќа на големата сцена.

 

Денес 43-годишниот Виери потврди дека се враќа од пензија и ќе игра за неименуван клуб од Кина.

После тоа што кариерата му траеше повеќе од 20 години и помина низ многу клубови вклучувајќи ги Јувентус, Атлетико Мадрид, Лацио, Интер, Милан и Монако се чинеше дека му стигна крајот на големата кариера на 36 години.

„Пред пет месеци имав 101 килограм, сега имам 91. Морам да намалам уште 2 за да стигнам до 89 и тогаш можам да кажам дека сум спремен“, напиша Виери.