Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Управата на Њукасл објави дека Муса Сисоко може да го напушти клубот доколку за него пристигне понуда од 35 милиони евра.
После финалето на Европското првенство во кое Сисоко одигра фантастично неговиот клуб одлучи да ја зголеми цената. Њукасл испадна во Чемпионшип, а овој француски фудбалер јасно порача дека нема намера да остане.
Иако зголемувањето на цената ја менува ситуацијата, Сисоко истакна дека останува со својот став.
“Ова не менува ништо. Оние клубови кои се заинтересирани за мене знаат како да ја намалат цената. Јас се надевам дека ќе го напуштам Њукасл што побрзо, бидејќи со овој потег тие покажаа колку ме почитуваат”- изјави Сисоко.
Поранешниот фудбалер на Тотенхем се наоѓа на мета на Арсенал, Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Борусија Дортмунд и Јувентус.