„Последен доаѓа на тренинг, а прв е во редот за јадење“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на ПСЖ во минатата недела ги почнаа подготовките за новата сезона.

ПСЖ во ова лето доживеа многу промени во клубот. Овој тим го напушти најдобриот играч Златан Ибрахимовиќ, додека за нов тренер е избран Унаи Емери.

Еден од новите засилувања на овој клуб беше Хатем Бен Арфа. Сепак, не се сите воодушевени од однесувањето на овој играч.

Давид Луиз се одлучи да се пошегува на негова сметка, и раскажа интересна приказна:

„Бен Арфа е одличен играч, но има една голема мана. Секогаш последен доаѓа на тренинг, а прв е кога треба да се јаде. Не ми се допаѓа тоа никако“, рече Луиз.