Последен обид, понуда од соништата од Јуве за Погба


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Јувентус и понатаму потајно го посакува Погба, но едноставно Јунајтед не го пушта, барем засега.

Меѓутоа, Јувентус има фудбалери кои го интересираат Солскер, еден е Кансело, него го посакуваат Сити и Баерн, другиот е Матуиди, искусниот Французин, а третиот е Даглас Коста. Двајца од овие тројца би можеле за околу 100тина милиони да се преселат на Олд Трафорд.

Англиските медиуми кажуваат дека Јувентус има пари, имено, тие имаат потрошено само 30 милиони евра, поточно толку се во минус во преодниот рок.

Освен Де Лигт, останатите засилувања ги доведоа бесплатно, Буфон, Ремзи и Рабиот, а од продавањето на Спинаколе, Орсолини, Аудер, Чери, Рожерио и веројатно заминувањето на Перин во Бенфика заработија околу 110 милиони евра.

Јасно е дека имаат пари за Погба, со играчи понудата беше 130 милиони, одбиена е, но 100 милиони и да речеме Кансело и Коста, би било нешто за што Солскер би размислил.

Сепак ако Раиола и понатаму го „гура“ трансферот, тешко е да се очекува дека Погба ќе го напушти Јунајтед.