Последна снимка од одбојкарката пред да почине (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Утрово пристигнаа тажни вести од Турција, каде што била пронајдена почината италијанска одбојкарка.

Јулија Итума наводно паднала од прозорец од шестиот кат на хотелот во Истанбул, каде што биле сместени со колешките од Новара.

По натпреварот од Лигата на шампиони (ЛШ), одбојкарката тргнала кон нејзината соба, но на последната снимка може да се забележи дека не делува расположено.

Турските медиуми пишуваат дека постои можност Јулија да скокнала од шестиот кат на хотелот, но тоа ќе го покаже истрагата.