Последниот тренер на Реал Мадрид кој загуби во „Ел Класико“ е заборавен и невработен!


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Во недела ќе се соочат Реал Мадрид и Барселона, а интересно е тоа што каталонскиот гигант нема победа на последните пет натпревари против вечниот ривал.

Барселона последен пат го совлада Реал пред три години, односно на 2 март 2019 година, кога Иван Ракитиќ го постигна единствениот погодок во Мадрид, а тогаш на клупата на „кралевите“ беше Сантијаго Солари.

Солари беше привремено решение во таа сезона, кога го замени Хулен Лопетеги на крајот на октомври, кој доживеа дебакл во „Ел Класико“ со 1-5.

По Солари на клупата седна Зинедин Зидан кој запиша реми и три победи, а Анчелоти сезонава одлично го предводи Реал и се надева дека ќе ја продолжи серијата на шпанскиот гигант.

Солари по Реал го тренираше максиканска Америка, каде што беше стратег од јануари 2021 година до неодамна, кога заработи отказ.