Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Интер немаат намера да го вратат Габриел Барбоса, познат како Габигол и покрај одличните настапи во дресот на Фламенго.
Интер го губи Бразилецот во 2016 година и се надеваа дека ќе биде голема ѕвезда, но на „Меаца“ не се снајде најдобро, па мораше да замине на позајмица.
Габигол се врати во Бразил и тоа беше одличен потег за него. Тој постигна 31 погодок во 38 настапи, но ниту таа статистика не му е доволна за да се врати во Интер.
Италијанските медиуми во претходните денови шпекулираа дека Интер има намера да го продаде Габигол, а такво сценарио најави и директорот на клубот, Бепе Марота.
„Неговата позајмица завршува во декември. Тогаш внимателно ќе процениме што ќе правиме со него. Тој како фудбалер може да напредува, но најверојатно нема да биде дел од нашиот проект“, порача Марота.