Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Радовиш славеше против Пелистер 2 со 27-26 и се пласира во Суперлигата, додека битолчани испаднаа во понизок ранг.
Голема борба се водеше во текот на целиот меч, а Пелистер 2 во завршницата влезе со два гола предност (25-23), но потоа Радовиш успеа да направи пресврт (26-25).
Пелистер 2 погоди за 26-26, по што Радовиш доби слободен удар и одговорноста ја презема Здравко Постолов кој погоди за триумф.
Постолов го заврши мечот со осум голови, додека Мијушковиќ постигна седум погодоци за Пелистер 2.