Посвета која го крши срцето: Ѓоковиќ остави порака за Коби и Џина (ВИДЕО)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Српскиот тенисер оствари пласман во полуфинале на Австралијан опен, откако го победи Милош Раониќ со 3-0 во сетови и така си закажа меч против Роџер Федерер.

Џон Мекинро по мечот го праша Ѓоковиќ за неговиот починат пријател Коби Брајант, а Србинот едвај успеа да зборува една минута пред камерата, по што се расплака.

Потоа Ѓоковиќ тргна кон соблекувалната, но заборави да се потпише на камерата, по што се врати и на камерата напиша порака за Коби Брајант и неговата ќерка Џина Марија, кои загинаа во хеликоптерскиот пад во Калифорнија.