Потегот на Јокиќ кој ќе остане во сеќавање – режираше една од најлудите асистенции на вечерта (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Српскиот центар блескаше во победата на Денвер Нагетс против Сакраменто Кингс, а еден негов потег веќе стана вирален.

Никола Јокиќ уште еднаш покажа зошто е еден од најинтелигентните кошаркари на денешницата.

Во синоќешниот натпревар против Сакраменто Кингс, ги водеше Денвер до победа со резултат 130:124.

На паркетот беше незапирлив, постигна 34 поени, подели дури 14 асистенции и забележа седум скокови. Но еден негов потег ги украде сите рефлектори.

За време на една акција во второто полувреме, Јокиќ изведе додавање кое не може да се види ниту во видеоигрите.

Ги збуни сите во одбраната на Кингс, па дури и самиот Домантас Сабонис.

Српскиот центар за дел од секундата го „прочита“ движењето на Аарон Гордон и ја испрати топката токму таму каде што само тој можеше да замисли.

Топката помина непосредно над главата на Сабонис или, како што шеговито коментираат навивачите, „му помина низ косата“.

.