Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалската репрезентација на Шведска, исто како и Србија, доживеа вистински дебакл во квалификациите за Светското првенство.
Оваа селекција во својот состав ги има ѕвездите од минатиот преоден рок, напаѓачите на Арсенал и Ливерпул, Виктор Ѓокереш и Александер Исак, како и уште неколку одлични премиерлигашки фудбалери, но нема игра, па вчера ја плати цената селекторот Јон Дал Томасон, кој доби отказ.
Швеѓаните завчера во Гетеборг, во групата Б, го доживеа третиот пораз во квалификациите, втор од селекцијата на таканареченото Косово, со што нивните шанси за пласман на завршниот турнир по редовен пат се сведени на нула. По четири одиграни кола, Шведска е на последно место во групата со само еден освоен бод, Швајцарците се лидери со 10 бода, ткн. Косово има седум бода, а Словенија три бода.
Сепак, Шведска има „план Б“, зашто ќе игра бараж за Светското првенство како една од четирите најдобри екипи од УЕФА Лигата на нации. Србија се надеваше дека може да биде една од тие четири репрезентации, но еден од условите беше Шведска да се пласира во бараж како втора во својата квалификациона група. Јасно е дека од тоа нема ништо.
Сега се бара решение за нов селектор и личност што брзо ќе ја доведе екипата во ред и ќе ја подготви за мартовскиот бараж, а доколку е за верување на шведските медиуми, тоа ќе биде англискиот стручњак Грејем Потер.