Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Арсенал по оваа сезона би можела да остане со двајца класични крилни играчи, Михтаријан и Ивоби, додека можат да потпомогнат и играчите како Обамејанг и Лаказет кои играа на таа позиција, но природно се класични напаѓачи.
Поради тоа потребно е засилување, вчера беше познато дека Ченгиз Ундер е мета број 1 во преодниот рок, но дека не е единствена мета бидејќи до некаде и нереална, имајќи ја предвид финансиската (не) моќ на Арсенал.
Поради тоа мета е и Рајан Фрејзер од Борнмаут, момчето кое постигна 11 погодоци оваа сезона, а покрај тоа запиша и 7 асистенции.
Има одлично чувство за гол, брз е, техички одлично поткован и некој кој би се вклопил во тимот на „Топчиите“ брзо.
Секако и е поевтина опција од Ундер.