Потпретседателот на Барселона е позитивен на Ковид-19!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пандемијата на коронавирусот направи хаос во речиси цела Европа, а најтешко погодени во моментов се Италија и Шпанија.

Шпанците денеска објавија дека веруваат дека врвот на пандемијата бил на втори април, па се очекува намалување на бројот на заразени. Меѓутоа, Ковид-19 ја погоди и Барселона.

Барселона е уште еден од клубовите погодени од коронавирусот. „Мундо Депортиво“ објави дека потпретседателот на клубот, Жорди Кардонер е позитивен на вирусот.

Од клубот уште не објавија официјално соопштение по тој повод, но за „Мундо Депортиво“, наводно, било потврдено дека Кардонер е заразен и се наоѓа во болница.