Потпретседателот на Барселона: Вистина е, Нејмар сака да се врати, но…


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Потпретседателот на Барселона, Жорди Кардоне гостуваше во едно радио во кое кажа дека Нејмар сакал да се врати во каталонскиот клуб.

Да потсетиме, Нејмар поминува низ тежок период во кариерата, откако пред две години ја напушти Барселона.

Во француската престолнина досега беше одличен, но имаше голем број проблеми со повреди, а притоа доби и пријава за силување.

Шпанските медиуми веќе со месеци шпекулираат за неговата желба да се врати во Каталонија, а сега потврда стигна од потпретседателот на Барселона.

„Точно е дека сакаше да се врати во Барселона, но не се сложувам дали ќе дојде или не. Начинот на кој замина воопшто не ми се допадна. Луѓето зборуваат дека сме потпишале договор со него, а тоа не е вистина“, вели Кардоне.