Потрес во Интер по поразот од Болоња: Дури 10 фудбалери ќе си заминат!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интер водеше против Болоња со 1-0 на домашен терен до 75. минута, а потоа екипата на Синиша Михајловиќ направи неверојатно изненадување во 30. коло од Серија А.

Спортскиот директор на Интер, Бепе Марота беше бесен на фудбалерите, па смета дека ова е недозволиво и поради тоа дури 10 фудбалери ќе си заминат летово.

Прв на листата е Годин, а по него карта во еден правец ќе добијат Асамоа, Матијас Весино и Борха Валеро. Управата на клубот смета дека ниту Галјардини не е играч за клуб како Интер.

Исто така, клубот нема да ги откупи договоритена Мозес, Алексис Санчез и Бираги. Ќе замине и резервниот голман Падели, како и Ранокија.