Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Екипата на Фулам е вториот патник во Чемпионшип лигата откако во вечерашниот натпревар претрпе висок пораз од 4:1 на гостувањето кај Вотфорд.
Клубот со богата историја во Премиер лигата по само една сезона, и покрај тоа што потроши над 100 милиони фунти, ќе го напушти најелитното натпреварување во Англија и ќе се пресели ранг подолу.
Дукуре во 22. минута најави преселба на Фулам во втората лига, но за момент надежите ги врати Рајан Бабел со гол во 33. минута.
ОД тогаш на теренот постоеше само еден тим, па Вотфорд во вториот дел постигна три погодоци преку Хјуз, Дини и Кико Феминија.