Потврдени учесници и датум на започнување на натпреварот во Еврокупот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Листата на екипи што ќе се натпреваруваат во претстојната сезона на Еврокупот е потврден од седиштето на Евролигата, а објавен е и календарот за натпревари.

Редовниот дел од сезоната ќе започне на 30. септември и ќе трае до 16. декември, додека Топ 16 фазата ќе започне на 30. декември и ќе трае до 3. февруари 2021. година.

Нокаут фазата ќе започне на 2. март, додека финалето ќе заврши најдоцна до 16. април, во зависност од тоа колку трае трае четвртфиналната и полуфиналната серија.

Следниве 24 екипи ќе се натпреваруваат во Еврокупот:

АС Монако, Бахчешехир , Будуќност Воли, Цедевита Олимпија Љубjана, Фрапорт Скајлајнерс Франкфурт, Бурсаспор, Германи Бреша Леонеса, Хербалајф Гран Канарија, ЈЛ Бург, Хувентут Бадалона, Лиеткабелис, Локомотив Кубан, Макаби Ришон, Левалоис, МораБанк Андора, Нантер 92, Партизан , Промитеас Патрас, Улм, Теленет Антверпен, Умана Рејер Венеција, Уникаха Малага, УНИКС Казан, Виртус Сегафредо Болоња.