Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Љубителите на фудбалот во Англија со нетрпение го очекуваат почетокот на сезоната во ПЛ.
Многу клубови беа активни на пазарот ова лето, а еден од нив е и Манчестер Сити. Граѓаните на тренерската позиција го доведоа Пеп Гвардиола, а тоа значеше и многу промени во составот на Сити. На Итихад стигнаа неколку нови фудбалери и сигурно дека неколку имиња ќе го напуштат Манчестер Сити ова лето.
Англиските медиуми соопштија дека Манчестер Сити потврди дека шпанскиот тренер одлучил да стави тројца фудбалери на трансфер листата на кои повеќе не смета.
Сити ова лето ќе се прости со Самир Насри, Вилфрид Бони и Елаквим Мангала. Интересно е дека Сити за доведување на овие фудбалери потроши повеќе од 100 милиони евра. Исто така на излезни врати од клубот е и Хесус Навас, но уште не е потврдено дали и тој ќе биде ставен на трансфер листата.