Потврдено – Сане сака да го напушти Шалке


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што наведоа директорите на Шалке, Лерој Сане сака да го напушти клубот од Гелзенкирхен.

Спортскиот директор на Шалке наговести продажба на еден од најдобрите играчи пред почетокот на новата сезона.

Пишувавме премногу за Лерој Сане, офанзивниот играч за врска на Шалке после одличната сезона која ја одигра, а сега е речиси сигурно дека ќе ја напушти екипата од Гелзенкирхен.

Тоа го потврди и Кристијан Хајдел.

„Сане нас јасно ни стави до знаење дека сака да го напушти клубот, ние тоа мораме да го прифатиме“, рече спортскиот директор на Шалке.

Околу 50 милиони евра му е цената, а заинтересиран е Манчестер Сити.