Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот репрезентативец Марко Верати денеска го продолжи договорот со ПСЖ.
Иако беше на излезсните врати од француската екипа Верати на крајот се одлучи да остане на Паркот на Принцевите.
Овој договор сеуште не е официјално потврден, но неговиот агент на Твитер објави дека работата е завршена. Верати беше на мета на многу клубови, а посебно се поврзуваше со премин во Реал Мадрид.
Сепак, Италијанецот денеска ја продолжи својата верност во ПСЖ се до лето 2021 година.
„Дојдовме до нов договор со ПСЖ кој е продолжен до 2021 година“, напиша неговиот агент на Твитер.