Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Коби Брајант го загуби животот во хеликоптерска несреќа, а тоа погоди многу љубители на кошарката и општо на спортот, па тагата кон американскиот кошаркар е неизмерна.
По веста дека Брајант починал по падот на хеликоптерот, многу ѕвезди ширум светот објавија пораки за збогум од легендата, а еден од нив беше Ламар Одом.
Тие двајца од 2004 до 2011 година заедно настапуваа за Лос Анџелес лејкерс, а Одом на социјалните мрежи имаше емотивна порака за неговиот поранешен соиграч.
„Невозможно е Бог да го зема мојот брат толку рано. Знам дека поминав низ многу работи во животот, со земање на дрога и дека не бев добар кон себе. Кога бев во кома, да ми пријдеше Бог и да ми кажеше дека ќе ме земе, а дека ќе го поштеди Коби, повеќе би сакал тоа да се случи“, порача Одом меѓу другото.