Повреда која може многу да ги чини: Баварците имаат големи главоболки…?!


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер ќе отсуствува околу две недели поради повреда на листот на левата нога, соопшти денес фудбалскиот клуб.

Нојер се повреди во вчерашниот меч против Дизелдорф кој неговиот тим го доби со убедливи 4:1.

Голманот на баварскиот клуб, теренот го напушти во 53. минута.

Нојер така ќе ги пропушти натпреварите против Вердер во Купот на Германија и првенството, како и мечот против Нирнберг во Бундеслигата.

Германскиот голман изминатата сезона одигра само три натпревари во Бундеслигата поради повреда на стапалото.

Баерн е прв на табелата во Бундеслигата со само еден бод повеќе од Борусија Дортмуд.