Повредата на Ају го натера Билиќ повторно да размислува за Италијанец


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот од Гана која неодамна стигна на Олимпискиот стадион се повреди и нема да биде во составот најверојатно до декември.

Андре Ају дојде како големо засилување во редовите на Вест Хем, но не стигна да остави добар впечаток бидејќи се повреди уште во првото полувреме од своето деби.

Се испостави дека повредата која ја заработи на мечот со Челси е од сериозна природа, и дека офанзивецот ќе мора „под нож“ и се проценува ќе отсуствува околу четири месеци.

Стигна во меѓувреме Каљери во Лондон, каде што ќе игра за Чеканите во наредната година на позајмица, но Билиќ порад повреда на Ају сака уште еден напаѓач.

Според наводите на доверливиот Џанлука Ди Марзио, на “мета“ на клубот е фудбалерот за кого и порано се интересираа,  играчот на Јувентус и италијанск ирепрезентативец Симоне Заза.

Трагичарот на Аѕурите на ЕП во Италија беше на прагот од премин во Волфсбург, но тој трансфер пропадна и Заза остана во Торино.

Интерес за неговите услуги постојат од разни страни, а сега и Вест Хем се врати во целата приказна.

„Чеканите“ наводно сакаат да го доведат на позајмица, со обврска да го откупат договорот после одреден број на настапи.

Ќе видиме како оваа понуда ќе им се допадне на управата на Јувентус, додека нема сомнеж дека Заза сака да заигра на Островот и дека Јувентус апсолутно не смета на него.