Повторно е одложена продажбата на Милан!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот рок е крајот на август.

Продажбата на италијанскиот фудбалски гигант Милан е повторно одложена, а кинеските инвеститори клубот треба да го превземат до крајот на август, објавија денеска локалните медиуми.

Газета дело спорт објави дека новото одложување следеше поради тоа што кинеските инвеститори побарале уште време со цел да средат детали од договорот и “некои технички аспекти“. Освен тоа, постојат уште некои бирократски проблеми околу преносот на средствата.

Се очекува инвеститорите да превземат и 100 проценти акции од клубот, но постојат проблеми во преносот на големи количини на пари од Кина во Италија.

Новото одложување е доведено во прашање и преодниот рок, поради тоа што сега може да останат и без пари и без време да се вложи во нови играчи пред крајот на преодниот рок.

“Росонерите“ можеби ќе мораат да чекаат до јануарскиот преоден рок со цел да доведат играчи кои ги бара тренерот Винченцо Монтела.