Познат датумот на сослушувањето: Синер го чека двегодишна суспензија!?


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Сослушувањето на најдобриот тенисер во светот Јаник Синер за допингот ќе започне на 16 април, објави Спортскиот арбитражен суд (CAS).

Италијанскиот тенисер падна на два теста за допинг во март поради анаболичкиот андроген стероид клостебол, но независен суд го ослободи во август откако го прифати неговото објаснување за ненамерна контаминација.

Меѓутоа, Светската антидопинг агенција се жалеше на таа одлука во септември, оставајќи го Италијанецот соочен со можноста на забрана за настап до две години.

„Ниту една страна не побара јавно сослушување и истото ќе се одржи зад затворени врати“, соопшти ЦАС.