Познат е списокот: Боели на лето ќе избрка 11 фудбалери на Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американскиот бизнисмен Тод Боели го презема Челси минатото лето, но екипата се соочи со сериозна криза и лоши резултати, па поради тоа се најавува ремонт во јули.

Боели наскоро ќе потпише договор со Маурицио Покетино, кој ќе ја преземе екипата на крајот на сезоната, а потоа се очекува распродажба на фудбалери на „Стемфорд бриџ“.

На листата се наоѓаат Лофтус-Чик и Чалоба кои дефинитивно ќе заминат од екипата, а исто така се шпекулира дека место во клубот нема ниту за Калум Хадсон-Одои.

Армандо Броја оди на продажба поради повреда, зашто тимот бара нов напаѓач, а исто така постои опција и Рис Џејмс да се пресели во Реал Мадрид, иако тоа е малку веројатно.

Кристијан Пулишиќ, Хаким Зијех, Пјер-Емерик Обамејанг, Едуард Менди, Кепа Аризбалага и Матео Ковачиќ, исто така, се на прагот да го напуштат Лондон.