Познат главниот кандидат за „Златната топка“ – неговото име е вистинско изненадување!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Највозбудливиот дел во текот на календарската година во светот на фудбалот е секако борбата за најдобриот фудбалер на светот и признание „Златната топка“. Иако е тек месец март, едно име се истакнува како голем фаворит.

Фудбалерот на Реал Мадрид и репрезентативец на Мароко, Брахим Диас, е првиот фаворит според моменталните проекции на светските медиуми.

Ова се промени откако на Мароко му беше доделена титулата првак на Африка за зелената маса, иако во финалето беа поразени од Сенегал, што секако предизвика лавина од коментари.

Така Диас има „поенти“ за континенталната титула, а со Мароко го очекува уште Светското првенство средината на годината.

Реал Мадрид е во борба за титулата шампион на Шпанија, а Кралевите се и во четвртфиналето на Лигата на шампионите, па Диас е во игра за уште трофеи.

Зад Брахим Диас на второ место е Ламине Јамал од Барселона, а треторангиран е напаѓачот на Баерн, Хари Кејн.

Секако, ова ќе се менува во текот на годината, особено по завршувањето на Светското првенство.