Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот српски кошаркар Владимир Штимац е уапсен синоќа во Белград за време на студентскиот протест кој трае веќе скоро една година во Србија.
Србија на 1 ноември минатата година беше погодена од трагедија бидејќи при паѓање на настрешница во Нови Сад загинаа дури 16 лица, што беше повод народот во таа земја да покрене протест против актуелната власт.
Во прв план се најдоа студентите кои во Белград започнаа протест барајќи некој да одговара за трагедијата која се случи во Нови Сад, а протестот се прошири низ цела Србија.
Секако, најмногу на удар се најде претседателот на таа земја, Александар Вучиќ, бидејќи од него бараат да распише предвремени избори и да ја напушти таа функција.
Тие сакаат да стават крај на режимот кој веќе долго време владее во Србија. Студентите добија огромна поддршка од многу јавни личности, а најгласен од нив беше поранешниот кошаркар Владимир Штимац кој беше меѓу првите “на првата линија”.
Снимката од апсењето на поранешниот српски репрезентативец е главна тема на социјалните мрежи и многумина се прашуваат што се случува бидејќи за тоа нема речиси никакво соопштение.
Сепак, утрово реагираше адвокатот Владимир Терзиќ кој веднаш тргна кон Белград кога слушна дека Штимац е уапсен. Поранешниот кошаркар е уапсен пред зградата на РTS, а нов шок го дочека кога стигна во полицијата.
Имено, како што објави адвокатот, на Штимац му е одредено задржување од 48 часа без никакво објаснување и тој ќе оди пред јавниот обвинител дури утре или задутре за да му соопштат за што точно се терети.
            














