Познат првиот противник на Вардар во квалификациите за ЛШ


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Вардар го доби својот прв противник во квалификациите за Лигата на шампионите. На денешната ждрепка беше одлучено „црвено-црните“ да се соочат со финскиот првак КупС во воведното квалификациско коло.

Првиот натпревар ќе се одигра на 7 или 8 јули во Скопје, додека реваншот е закажан за 14 или 15 јули на гостински терен во Финска.

За Вардар ова ќе биде долгоочекувано враќање на најголемата европска сцена.