Познат списокот за Австралијан опен: Ѓоковиќ ќе игра во Мелбурн!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа на списокот со учесници за Австралијан опен. Тоа е уште една убава вест откако му беше укината забраната, по што доби официјална потврда дека ќе игра во Мелбурн.

Ѓоковиќ е петти на листата, зад Карлос Алкараз, Рафаел Надал, Каспер Руд и Стефанос Циципас, додека по него следат Феликс Оже-Алиасим, Данил Медведев и останатите.

Србинот во моментов го користи одморот за да ги „наполни батериите“ и да нападне уште една гренслем-титула во кариерата.