Познат судија освојувал титули, но се одлучил за судиската свирка


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Едно од најпознатите лица на фудбалските терени во светот е контроверзниот турски судија Цунејт Чакир.

Овој 43-годишник осуди огромен број големи натпревари на поголемите натпреварувања и важи за еден од најдобрите судии во Европа.

Сепак, многу лесно може да се случи Чакир никогаш да не го зема свирчето. Тој бил многу талентиран фудбалер, но повредата го спречила да направи некој голем успех.

“Сакав да бидам фудбалер. Јас дури и освојував титули во младинските категории. Сепак, имав повреда и морав да ја прекинам кариерата”, изјави Чакир за ТРТ Спор.

По повредата, тој реши да започне судиска кариера. Се започна во 2001. година, а две години подоцна му беше доделена и значката на УЕФА.

Тој напредува од година во година и сега е еден од најпознатите судии во Европа.