Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија ја доби најтешката можна ждрепка во баражот, па најпрво треба да се соочи со Италија на гостински терен, а ако слави, ќе гостува кај подобриот од мечот меѓу Португалија и Турција.
Македонските фудбалери за првпат во историјата играат во баражот, а сега го дознаа и терминот кога ќе заиграат против Италија на гостински терен.
Мечот во Италија ќе се игра на 24 март, и тоа во термин од 20.45 часот, но засега не е познато во кој град ќе се игра затоа што „аѕурите“ во овие квалификации играа во четири различни града.
Со Швајцарија одиграа 1-1 во Рим, а триумфираа против Северна Ирска со 2-0 во Парма. Со Бугарија се играше во Фиренца (1-1), а Литванија ја пречекаа во Реџо Емилија.
ФОТО: ФФМ