Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се чини дека на крајот ќе заврши можеби неочекувано, затоа што сите го видоа во друг дрес.
Што се смени?
Пол Погба му сигнализираше на Јунајтед дека е подготвен да преговара за нов договор, иако во еден момент изгледаше како да ќе си замине. Тој има договор до следното лето, но „Ѓаволите“ можеа еднострано да го продолжат до 2022. година, што ќе направат.
Но, сега сè е поинаку. Погба се врати на теренот, тој беше охрабрен од резултатите на клубот, профитираше многу од доаѓањето на Бруно Фернандез, сега игра послободно, никој не може да го препознае.
Ова е, навивачите се надеваат, дека е вистинскиот Погба, оној од француската репрезентација уште пред 2016. година, кога се врати во клубот од Јувентус.
Вчера се појави информација дека Зидан не се откажал, меѓутоа, Перез сигурно нема да плати 100 милиони за играчот од средниот ред, а ниту Јувентус, иако се зборуваше за размена, немаат пари за платата на Погба и тој трансфер е нереален.
Некои велат дека е во прашање отсуството на опции, но Погба би можел да продолжи да игра за клубот без да го продолжи договорот, на крајот тој е најскапо платен со 15 милиони евра годишно, во Мадрид или Торино не може да го добие тоа дури и во сон.
Наводно, сега Погба верува дека овој Јунајтед има иднина, клубот го убедил, за разлика од претходните години, дека може да донесе врвни играчи и дека има амбиција да се бори за трофеи,
Солскјер потврди дека понудата е на маса, МекТоминај и Матиќ ги продолжија своите договори, сите се надеваат дека Погба ќе ги следи по нивните стапки, а скоро е сигурно дека средниот ред ќе го дополни и Џек Грилиш кој долго време е скаутиран од стручниот штаб на Јунајтед, посебно вечерва кога „Ѓаволите“ ќе играат против Астон Вила.