Позната причината за караницата: Три ѕвезди на Бензема му кажале да си замине!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема не настапи за Франција на Мундијалот во Катар поради повреда, иако се рехабилитираше за време на групната фаза.

Бензема остана на списокот на „триколорите“, но селекторот Дидие Дешам реши да не го користи, а Бензема потоа одби повик да го гледа финалето против Аргентина.

Во соблекувалната постоела тешка караница на релација Бензема – селектор – фудбалери и поради тоа најдобриот фудбалер во светот реши да се повлече од националниот тим.

Новинарот Ромен Молина објави дека пред да се донесе конечна одлука бил одржан состанок на кој присуствувале Бензема, Гризман, Лорис и Погба, а притоа му било објаснето на напаѓачот на Реал дека не е добредојден во репрезентацијата.