Позната причината за смртта на поранешната ракометна репрезентативка на Македонија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонската јавност денеска беше погодена со вета дека починала поранешната ракометна репрезентативка на Македонија, Јулија Николиќ.

Блиските до поранешната ракометарка за „Фокус“ кажаа дека причината за нејзината смрт, според првите информации е срцев удар.

„Доцна синоќа се случило, сите сме вознемирени, таа беше прекрасен човек. Нејзиниот борбен дух не го издржа овој животен предизвик. Со години се бореше да стане мајка, не го дочека тоа за жал. Претешки се овие моменти за сите нас, кои ја знаевме нејзе и нејзината големина“, откриваат нејзини поранешни соиграчи од Кометал.