Позната причината зошто Јокиќ не сака да игра за Србија на СП?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот српски репрезентативец Марко Симоновиќ даде свое мислење за тоа што Никола Јокиќ нема да настапи за селекцијата на Светското првенство (СП).

Србија ќе игра на Мундобаскетот без Јокиќ, но и без Никола Калиниќ и Василије Мициќ.

„Имаме квалитет без разлика на тоа што не сме комплетни. Апелирам да зборуваме за момците кои се јавија на повикот на селекторот. Не сакам прогнози, но верувам во оваа екипа. Имав среќа да играм со Никола и знам колку сакаше на ЕП да освои медал, но тоа не се случи и мислам дека неуспехот му падна тешко. Така беше и на СП во 2019 година“, кажа Симоновиќ.