Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Баерн Минхен ја отвори Лигата на шампиони со стил откако ја победи Барселона на гостински терен со убедливи 3-0.
Баварците беа подобар ривал на теренот и заслужено ги освоија бодовите. Во првото полувреме гол постигна Томас Милер, а во продолжение стрелаше двапати Роберт Левандовски.
Интересна сцена беше забележана во второто полувреме, кога Јулијан Нагелсман дури 10 минути си го бараше фудбалерот низ „Камп Ноу“.
Серж Гнабри и Кингсли Коман требаше да влезат во игра, но францускиот играч исчезна на 10 минути, а сега е откриено дека завршил во тоалет и тоа го потврди Нагелсман.
Гнабри влезе во игра во 69. минута од натпреварот, додека Коман влезе дури во 82. минута, кога го замени Сане.