Познати главните виновници кои го „избркале“ Бензема од репрезентацијата на Франција!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карим Бензема имаше можност да настапи во финалето на Светското првенство (СП), меѓутоа ја одби молбата и реши да остане дома, а тоа ги подгреа шпекулациите дека постои нетрпеливост во репрезентацијата.

Бензема на два дена пред стартот на Мундијалот се повреди и објави дека нема да заигра со сонародниците, додека селекторот Дидие Дешан не повика замена.

Многумина сметаа дека Бензема ќе се рехабилитира и ќе се врати до финалето, а откако се појави таква опција, Бензема ја одби затоа што очигледно не е во добри односи со дел од фудбалерите, а тоа го потврди и со вчерашната порака со која најави повлекување од националниот тим.

Новинарот Ромаин Молина објави дека двајца фудбалери се виновни за заминувањето на Бензема, а тоа се голманот Уго Лорис и Антоан Гризман кои немаат добри односи со Бензема.