Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ракометниот турнир во Струга ќе се одржи од 12 до 16 август и на него ќе учествуваат само македонски клубови, меѓу кои се и Вардар, Еурофарм Пелистер и Металург.
Денеска беа откриени групите на турнирот, а Вардар и Еурофарм Пелистер беа носители и се избегнаа од директна пресметка во групната фаза.
Вардар ќе се соочи со Охрид, Бутел и Еурофарм Пелистер 2 во групата А, додека во групата Б ќе играат Еурофарм Пелистер, Металург, Струга и Прилеп.
Поради лошата ситуација со опасниот вирус во Македонија, турнирот ќе се одржи без гледачи.