Познати кандидатите за наследник на Хамилтон во Мерцедес


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од 2025 година ќе вози за Ферари, каде што ќе го замени Карлос Саинц.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф кажа дека во моментов се разгледуваат опциите и постојат четири имиња кои се кандидати за наследник на Хамилтон.

Според медиумите, опции за нов возач на Мерцедес се Фернандо Алонсо од Астон Мартин, Карлос Саинц од Ферари, Макс Ферстапен од Ред Бул и младиот италијански возач Андреа Кими Антонели.